🎥 Tesla против заштитна ограда

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Автомобилите стануваат се потешки и електричните возила не се единствените одговорни за ова. Треба да се земат предвид и огромните теренци, големите седани опремени со хибридни и plug-in хибридни системи. Тексашскиот Транспортен институт A&M симулираше на тест судир меѓу Tesla Model 3 и класична заштитна шина, која се користи во таа американска држава.

Електричното возило е програмирано да удира во оградата дијагонално со брзина од 100 km/h во заштитниот систем. Секако, Model 3 ја проби заштитната ограда, што е јасен сигнал дека нешто треба да се промени. Во нормални околности, овој тип на заштитна ограда треба да предизвика автомобилот да се „залепи“ за неа и да го забави. Според тоа, оваа стандардна ограда не може да се справи со возило со тежина од околу 1.900 килограми, според „ХАК“.

Добрата вест е што сите воздушни перничиња во Tesla брзо се активираа, а предниот дел на возилото се распадна. Возилото ја апсорбирало енергијата од ударот и веројатноста за повреди на патниците била максимално намалена.

Слични содржини