🎥 Трагедија во Букурешт: Мајка ја фрли ќерка си од петти кат, па скокна по неа

од Марта Пешевска
61 прегледи

Мајка и нејзината седумгодишна ќерка се во критична состојба откако паднале од петти кат од станбена зграда во Букурешт. Првичните резултати од истрагата укажуваат дека не станува збор за несреќа, туку за намерен обид за убиство. Според информациите од полицијата, мајката прво ја фрлила ќерка си низ прозорецот, а потоа и самата скокнала. Двете паднале врз паркирани возила, што го ублажило ударот и им ги спасило животите.

Девојчето е хоспитализирано на одделението за интензивна нега во болницата „Григоре Александреску“, додека мајката е сместена во болницата „Флореаска“ и е свесна. Очекува да биде испрашана од полицијата. Според неофицијални извори, мајката, поранешна новинарка, е во судска постапка со таткото на детето околу старателството. Ден пред инцидентот имала сослушување поврзано со овој спор.

Полицијата води истрага за обид за убиство, а случајот е предаден на јавниот обвинител.

Слични содржини