🎥 Винисиус се расплака пред камерите – емотивно се отвори и упати силна порака

од Симе Стоиков
246 прегледи

Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор „се скрши“ пред камерите за време на прес-конференција.

Пред натпреварот помеѓу Бразил и Шпанија, фудбалерот на Реал Мадрид беше „преплавен“ со прашања во врска со расизмот и борбата што ја водеше во изминатите месеци. Во солзи, тој кратко одговори:

„Им се извинувам на сите. Сакам само да играм фудбал, да правам се за мојот клуб и моето семејство и никогаш да не гледам како црнците страдаат“, изјави Винисиус Јуниор.

Потоа продолжи кога малку се смири.

„Се чувствувам се полошо, но морав да се појавам овде и да го покажам своето лице. Барам помош од УЕФА, ФИФА, Конмебол и ФС Бразил (ЦБФ), само заедно, во голема група можеме да се бориме против расизмот“, рече Винисиус Јуниор.

Слични содржини