🎥 Вознемирувачки сцени од документарецот за Селин Дион: Покажаа како изгледаат нападите кои ги доживува

од Vladimir Zorba
705 прегледи

Документарецот I am: Celine Dion излезе. Го прикажува животот на музичката дива, нејзините достигнувања во кариерата и нејзината борба со синдромот на вкочанета личност. Филмот ја следи Селин додека таа се обидува да продолжи со нормален живот и кариера среде нејзината дијагноза.

Селин откри во декември 2022 година дека и било дијагностицирано ретко автоимуно невролошко нарушување, кое предизвикува вкочанетост на мускулите и неконтролирани грчеви. Во овој документарец таа покажа како изгледаат нападите кои ги доживува.

„Многу ми е тешко да го слушнам тоа и да ви го покажам тоа. Не сакам луѓето да го слушнат тоа“, признала таа.

Во еден дел од филмот е прикажан напад кој трае неколку минути. Селин лежи беспомошна додека лекарите ја ставаат во удобна положба и ги проверуваат нејзините витални знаци. Откако беше лекувана, пејачката рече: „Секогаш кога ќе се случи вакво нешто, се чувствувате толку засрамено и, не знам како да го кажам тоа, едноставно… Знаете, како да не можете да го контролирате сопственото тело. ”

Сцените може да бидат вознемирувачки за некои читатели:

Трогателниот документарец доби пофалби од критичарите. Има 100% на Rotten Tomatoes. Критичарот на магазинот „Тајм“, Рич Јузвијак, ја пофали Дион за нејзината отвореност, особено за сцената каде што се бори да пее „ I Want To Know What Love Is“.

„Никој не сака да зборува за тоа што значи кога ќе поминат вашите најдобри години, но болеста ја натера Дион да размислува за тоа“, вели тој.

Критичарот на „Њујорк Тајмс“, Крис Азопарди ја пофали пејачката што дозволила да се прикажат „необработени снимки“ во филмот.

Рајан Латанцио од IndieWire, пак, документарецот го нарече „извонреден и интимен“.

Слични содржини