🎥 Вучиќ му крена глас на косовски новинар во Брисел, не му дозволи му да го доврши прашањето

од Илинка Илиоска
2,K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, лошо реагирал на конференција за медиуми кога новинарот Куштрим Садику го прашал дали ќе ја признае независноста на Косово. Ова прашање го изнервирало претседателот на Србија, пренесува Газета10.

Новинарот Садику: Имам прашање, дали сте подготвени да ја прифатите независноста на Косово како компензација за Заедницата?

Вучиќ: Ја знам Повелбата на ОН и резолуцијата 1244, која е од големо значење. Ова е основата на меѓународниот правен поредок. Сигурен сум дека вие како многу паметна личност го разбирате ова.

Новинарот Садику: Но, вие сте во дијалог.

Вучиќ: Многу сум подготвен

Новинарот Садику: Ве прашувам дали сте подготвени за компензација со Заедницата?

Вучиќ: Компромиси, има многу. Но, не видов дека вашата страна се обидува да испорача нешто за она што го потпишаа пред 11 години.

Новинарот Садику: А што е со Заедницата?

Вучиќ: Во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство, српската страна даде многу во однос на судството, обвинителството, регионалната полиција, регистарските таблички, личните карти и се останато. Но вие не направивте ништо друго освен мачење и тероризирање на Србите, дури и депортирање. Не ти, ниту некој новинар, туку Албин Курти и неговите луѓе.

 

Слични содржини