Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон за кој критичарите велат дека ја ослабува независноста на антикорупциските тела во Украина, предизвикувајќи бурен гнев во Украина и осуди од меѓународната заедница, јави Би-Би-Си.
Украина со овој закон практично ја ограничува автономијата на двете свои агенции за борба против корупцијата, коишто се клучни за спроведувањето на реформите. Официјален Брисел овој потег го опиша како „сериозен чекор наназад“ и изрази длабока загриженост.
Според критичарите, со потписот на украинскиот претседател на законот, се подрива и авторитетот на Националното биро за антикорупција (НАБУ) и Специјалното јавно обвинителство за антикорупција, бидејќи тие се ставаат под контрола на Главниот јавен обвинител на Украина.
Во неговото видео обраќање, Володимир Зеленски се правдаше дека и двете тела и понатаму ќе „работат“, ама требало да бидат „исчистени од руското влијание“.
На веста дека амандманите се усвоени и претседателот на Украина ќе го потпише законот, стотици луѓе се собраа во главниот град Киев за најголемите протести против власта уште од руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
У Києві почалась акція проти законопроєкту щодо НАБУ та САП.
Відео – Володимир Тунік-Фриз pic.twitter.com/wrFnfcV4wx— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) July 22, 2025
Протести имаше и во другите големи градови: Лвив, Днипро и Одеса. Бројката постојано растеше, противниците бараа Зеленски да не го става својот потпис на изменетиот закон, повикувајќи „Вето на законот!“.
In Kyiv, Ukrainian protests continue against the government of Volodymyr Zelensky
Defying an imposed curfew, the demonstrations persist against the passing of a new bill that hands over corruption oversight bodies to the Prosecutor General. pic.twitter.com/7GeNEgXrLy
— MintPress News (@MintPressNews) July 22, 2025
Но, и покрај протестите, во текот на нивното времетраење, Зеленски сепак го потпишал законот, ставајќи го така во сила.
„Ако не стави вето, тоа е плукање в лице на секоја мајка, жена и дете што изгубиле сакан на фронтот. Тоа е газење на споменот на сите оние што загинаа за нашата слобода, достоинство и независност“, порача 40-годишната адвокатот Марина.
„Ја избравме Европа, не автократија“, гласеше еден транспарент виден на протестите во Киев.
„Татко ми не умре за ова“, пишуваше на друг.
Покриени со украински знамиња, на неколку улици од Кабинетот на претседателот на Украина, демонстрантите извикуваа и „Украина не е Русија“.
Главниот обвинител на Украина, Руслан Кравченко, кој е лојален на Зеленски, сега ќе може да прераспределува корупциски истраги на потенцијално полојални истражители и дури со негов потпис да ги затвора.
Сузбивањето на ендемската корупција е услов за пристапување на Украина во ЕУ, како и за осигурување на милијарди евра странска помош. Независните антикорупциски истражители во последниов период нанесоа голем срам на високи функционери со сериозни обвинувања и истраги за корупција.
Гласањето за новиот закон се случи само еден ден откако киевската Агенција за внатрешна безбедност уапси двајца припадници на НАБУ под сомнеж за врски со Русија и спроведе опсежна истрага за другите вработени во агенцијата, под друг сомнеж.