🎥 Жена фати змија во канцеларија

од Milan1
73 прегледи

На социјалните мрежи кружи видео од жена, најверојатно од Индија, која ноншалантно фаќа голема змија во канцеларија и  ја става во торба.

Таа е потполно мирна, без разлика што рептилот се обидува да се „извитка“ и да се завитка околу нејзината рака.

Немаме информации дали жената работи во споменатата канцеларија, или пак е експерт за диви животни. Таа е мирна, бестрашна, што воодушеви милиони гледачи.

Се слуша како во еден момент вели дека „змијата не е отровна“.

Еден од мажите ја снимил несекојдневната сцена и ја објавил на Интернет, а видеото за кратко време го погледнале повеќе од три милиони луѓе, пренесува Times Now News.

Слични содржини