🎥13-годишно момче е убиено во денешниот напад во Лондон

од Илинка Илиоска

13-годишно момче е убиено во напад со мачета денеска во Лондон, потврди лондонската полиција. Ранети се уште четворица, меѓу кои и двајца полицајци.

„Момчето беше пренесено во болница откако беше избодено и за жал набрзо почина“, соопшти полицијата обраќајќи се до медиумите.

„Во нападот повредени се уште четири лица, двајца полицајци и двајца минувачи. Полицајците се со тешки телесни повреди и мора да бидат оперирани, но според информациите со кои располага полицијата во моментов, нивните повреди не се живот- заканувачки, и двајцата ранети минувачи не се во животна опасност“, додаваат оттаму.

„Напаѓачот е уапсен 22 минути откако полицијата го примила првиот повик“, изјави началникот на локалната полиција, додавајќи дека осомничениот е во притвор. „Не веруваме дека има некаква закана за пошироката јавност и не бараме други лица“, рече Бел, додавајќи дека тие веруваат дека инцидентот не е поврзан со никаков терористички акт.

Утрово маж вооружен со меч во североисточен Лондон избоде неколку лица. Полицијата интервенирала по дојава дека автомобил влетал во куќа во близина на метрото.

🎥 Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон, повредени се и двајца полицајци

Слични содржини