🎥Адел збесна и навреди личност од публика поради непримерен коментар

од Nikola Popovski
23,7K прегледи

Пејачката Адел неодамна за време на својот концерт јавно ѝ одговорила на една личност од публиката која постојано дофрлувала. Имено, еден од присутните на концертот извикал „Прајд е ср*ње“.

Адел не останала имуна на овие зборови, туку му се обратила на лицето, нагласувајќи дека „треба да молчи ако нема нешто паметно да каже“.

„Извинете, дали дојде на мојот е*ан концерт само за да кажеш дека Прајд е ср*ње?“, налутено прашала Адел.

„Дали си е*ано глупав? Не биди толку смешен. Ако немаш ништо убаво да кажеш, ќути. Во ред?“, додала пејачката.

За потсетување, Адел низ годините ја поддржува ЛГБТ-заедницата.

Слични содржини