Auto Union „Type 52“ би бил еден од најбрзите автомобили на планетата, но не достигнал производство девет децении – до сега, кога бил изграден од оригиналните нацрти.
Таканаречениот „Schnellsportvagen“ (брз спортски автомобил), требаше да биде друмска верзија на тркачката „Type 22 Grand Prix“ од 1930-тите.
Силуетираното алуминиумско тело, слично на пресекот на крилото на авионот, би имало 16-цилиндричен мотор со повеќе од 200 коњски сили и максимална брзина од 201 километар на час.
За жал, тој неверојатен суперавтомобил никогаш не успеа да ја помине дизајнерската фаза. Проектот „Auto Union Type 52“ беше откажан во 1935 година, во пресрет на Втората светска војна.
Но, Audi одлучи да ја исчисти прашината од својата историја и да ја оживее со специјално возило, пишува Бета.