🎥Бен Афлек откри зошто изгледа луто во јавност: Срамежлив сум, би сакал да имам поприватен живот

од Vladimir Zorba
57 прегледи

За време на гостувањето во поткастот „This Past Weekend“, Бен Афлек откри зошто не сака секогаш да биде во центарот на вниманието и зошто изгледа луто и нерасположено на повеќето фотографии.

Како што објасни, не сака да присуствува на големи друштвени настани и не излегува многу.

„Прилично сум срамежлив, не сакам да бидам пред камерите“, рече Афлек, наведувајќи дека гледа разлика помеѓу снимање филмови и фотографирање од папараци.

„Кога станува збор за мојот живот надвор од глумата, не сакам луѓето да ме гледаат како шетам во маица или долна облека. Би сакал мојот приватен живот да биде уште поприватен. Не знам колку луѓе сакаат јавноста да го анализира секој нивен потег, но јас ја обожавам глумата“, рече тој.

Неговото појавување во споменатиот поткаст има дури 2,7 милиони прегледи, како и речиси 10 илјади коментари. Многу обожаватели во коментарите ја поддржаа потребата на Афлек да не биде премногу експониран во јавноста, па напишаа, меѓу другото: „Ова беше паметно од негова страна“, „Медиумите го малтретираат со години, а ова го прикажува како нормален човек“, „Афлек е скромен, ни требаат повеќе познати личности како него“, „Нема многу луѓе како него во Холивуд“.

Ве потсетуваме дека Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Лопез неодамна се скараа околу брачниот имот вреден 68 милиони долари.

Според „Дејли меил“, Лопез и Афлек имаат различни мислења за тоа какви чекори треба да се преземат за да се продаде нивната вила во Беверли Хилс, која сè уште е на пазарот откако беше објавена минатата година.

Агентите за недвижности изјавија дека бараната цена од 68 милиони долари е превисока и треба да се намали за најмалку 15 проценти.

Слични содржини