🎥Бившата на Лијам Пејн се вери 2 месеци по неговата смрт

од Nikola Popovski
95 прегледи

Поранешната девојка на неодамна починатиот пејач Лијам Пејн, Софија Смит, неодамна објави дека се верила со сегашното момче Џејмс Бриџвуд. Ѕвездата на „One Direction“ и инфлуенсерката (30) беа во врска од 2013 година, откако беа пријатели од нивните училишни денови во Вулверхемптон, до ноември 2015 година.

Среќната вест за новиот почеток, Софија ја сподели на Инстаграм објавувајќи слатко црно-бело видео за свршувачката. На гореспоменатото видео, парот може да се види како клекнат на подот опкружен со ливчиња од роза и шише шампањ подготвено за прослава. Заедно со видеото напишала: „Да, илјада пати да, 25.12.24“.

Прекинувањето на врската беше шок за фановите бидејќи само неколку недели пред тоа, Лијам призна дека парот разговарал за брак. Во интервју за списанието „Атитид“ тој рече: „Разговаравме за брак, но на 22 се чувствуваме премлади за тоа. Софија треба да оди и да прави што сака со својот живот, јас не сакам таа да биде една од оние девојки кои остануваат дома и не прават ништо“, пишува „Daily Mail“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Smith (@sophiaxsmith)

Лијам почина на 31-годишна возраст на 16 октомври откако падна од балкон на третиот кат во хотел во Буенос Аирес. Оттогаш, три лица се обвинети во врска со неговата смрт. Во ноември, аргентинските обвинители ги обвинија осомничените за кривични дела напуштање лице откако настапила смрт и омовозможување употреба на наркотици.

Обдукцијата покажа дека пејачот починал од повеќе повреди и крварење откако паднал од балконот на својата соба на третиот кат од хотелот CasaSur во луксузниот кварт Палермо. Токсиколошките тестови покажале дека пред неговата смрт во телото имало траги од алкохол, кокаин и препишан антидепресив.

Пејн се стекна со светска слава како дел од популарниот бојбенд формиран во шоуто „Икс фактор“ во 2010, што го сочинуваа и Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Нијал Хоран и Зајн Малик.

Пејн првпат се пријавил во шоуто „Икс фактор“ во 2008, кога Сајмон Кауел му рекол да дојде повторно за неколку години. Две години подоцна ги импресионирал судиите, по што беше обединет со уште четворица соло учесници и така настана групата „Уан дајрекшн“, која набргу стана светска сензација. Групата издаде четири албуми кои завршија на првото место на британската топ-листа, пред да се распадне во 2015.

Членовите потоа почнаа соло кариери со различен успех, при што Пејн го објави дебитантскиот сингл во 2017.

Слични содржини