🎥BMW ќе користи хуманоидни роботи во фабриката во Спартанбург

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Според американските медиуми, интригантна промена е во тек во фабриката на BMW во Јужна Каролина, бидејќи таму наскоро ќе бидат распоредени хуманоидни роботи.

Имено, овој производител на автомобили потпиша договор со стартап компанијата Figures од Калифорнија за имплементација на мултифункционални роботски решенија.

Наречен Figure 01, „првиот комерцијално остварлив автономен хуманоиден робот“ ќе се користи во производството на автомобили. Во почетната фаза, BMW и Figure ќе идентификуваат каде неговата функционалност би можела да биде корисна. После тоа, ќе се подложи на постепена инсталација во фабриката. Првично ќе се користат само неколку од овие роботи, но бројот може да се зголеми доколку се оди според планот и се исполнат целите.

Брет Адкок, основач и извршен директор на Figure, тврди дека хуманоидниот робот не само што ја зголемува продуктивноста и ги намалува трошоците за производство, туку и создава побезбедна средина.

Слични содржини