🎥„Диктаторка на тренинг“: Љубовницата на Путин викала по девојче и ја расплакала

од Nikola Popovski
102 прегледи

Алина Кабаева, 41-годишната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин (71) и поранешна гимнастичарка која освои златен медал на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, е снимена како викала кон млада ритмичка гимнастичарка.

Поради острите критики, тинејџерката била на работ на солзи, пишува „Дејли Стар“.

– Диктаторка на тренинг – вака странските медиуми, кои ја објавија снимката објавена на Инстаграм, ја опишуваат љубовницата на Путин.

Младата атлетичарка Каролина Тарасова го посетува елитното гимнастичко училиште на Алина „Скај Грејс Академија“ во Сочи. И откако неколкупати ја повтори истата грешка во текот на вежбањето, Кабаева ѝ кажала дека „рамнодушноста е најлошото нешто што може да ѝ се случи“.

„Не го повторувај тоа. Никогаш. Дали го правиш тоа намерно? Не разбирам што се случува! Дојди овде, те молам. Што правиш? Се полудуваш, дали го знаеш тоа? Нема лесен начин. Ако сакаш да победиш, мора да тренираш, ѝ рекла Алина на расплаканата тинејџерка.

Тинејџерката се извинила. Нивната расправија на крајот завршила со прегратка.

Американскиот ТМЗ тврди и дека неколку месеци пред овој инцидент, љубовницата на Путин се заканила дека ќе ја врати истата девојка во Украина, поради слабите перформанси на тренинзите.

Долго време се тврдеше дека Кабаева, и покрај негирањата од Кремљ, има два сина со Путин.

Според неодамнешниот извештај на независниот истражувачки медиум „Dossier Center“, двете момчиња постојано се чувани од безбедносни лица и обожувани од професионални тренери, дадилки и гувернанти. Освен што ги крие своите синови од јавноста, рускиот претседател дури одбива да ја признае врската со носителката на олимписки златен медал.

Слични содржини