🎥Џек Блек жали што глумел во оваа комедија од 2001 година

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Американскиот актер, комичар и музичар Џек Блек во интервју откри дека жали што се појавил во романтичната комедија Shallow Hal од 2001 година.

Филмот беше режиран од браќата Фарели, кои работеа на комедии како „Dumb and Dumber“, „Me, Myself & Irene“ и „There’s Something About Mary“. Браќата Фарели го напишаа и сценариото за филмот заедно со Шон Мојнихан.

Во филмот, Блек го играше Хал Ларсон, вработен во финансиска институција, кој е фрустриран затоа што жешките жени постојано го одбиваат за време на ноќните излегувања со неговиот најдобар пријател Маурицио (Џејсон Александар). Еден ден, Хал го запознава животниот тренер Тони Робинс кој се обидува да го убеди дека не е се во изгледот и му влева моќ да ја препознае внатрешната убавина.

По средбата со Тони, секоја непривлечна девојка која е добра личност, за Хал изгледа како модел. Хал се вљубува во Розмари (Гвинет Палтроу) затоа што му изгледа како совршена русокоса, иако во реалноста е морбидно дебела.

Слични содржини