🎥Џошуа го уништи Френсис Нгану во две рунди

од Vladimir Zorba

Ентони Џошуа постигна една од најимпресивните победи во својата кариера откако ја уништи и можеби стави крај на боксерската кариера на Френсис Нгану.

Еј Џеј го собори поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија во првата рунда, а потоа уште еднаш во втората. Камерунецот покажа „срце“ и застана, но само повторно за да му парира и вкупно трет пат рамнодушно да го испрати на земја и со тоа да стави дефинитивен крај на дуелот.

Нгану ги подигна своите акции со брилијантна борба против Тајсон Фјури, која ја загуби, но ги освои симпатиите на фановите и дури беше победник во очите на многу гледачи.

Сепак, Џошуа го уништи за помалку од шест минути и се врати на врвот во тешка категорија.

Џошуа сега има 28 професионални победи и 3 порази, а ова му беше 25-ти нокаут. Нгану забележа втор пораз во својот втор боксерски меч, но тие се уште се против Тајсон Фјури и Еј Џеј – двајца од тројцата најдобри во бизнисот.

Слични содржини