🎥Ед Ширан настапи во Загреб, го слушаа 70.000 луѓе

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Светската мегахит ѕвезда Ед Ширан синоќа настапи на загрепски Хиподром.

По многу бендови, тоа е првиот самостоен настап на уметник на Хиподром, а околу 70 илјади фанови дојдоа да го слушаат Ширан, пишува ХРТ.

Голем број луѓе едногласно ги пееја првите редови од песната „Castle on the hill“. Ед Ширан ја освои сцената уште пред најавениот почеток на концертот во 21 часот. Дино Јелушиќ беше со публиката од 18 часот, а потоа на сцената излезе Калум Скот.

Најупорните застанаа во ред и пред зори, за да ги добијат најдобрите можни места. Конечно – влезот беше отворен во 16 часот. Дојдоа фанови од целиот свет, не само од Хрватска.

Бината беше поставувана на средината на хиподромот околу 10 дена. Поставен е 20-метарски ЛЕД екран и 5 трибини.

Со оглед на големиот број луѓе на отворен простор, полициски службеници цел ден будно ја следеа состојбата на терен. Се користел и специјален аудиовизуелен надзор, а од безбедносни и организациски причини, од ден претходно стапи во сила привремено регулирање на сообраќајот.

Ова е втор концерт во Хрватска по бројот на продадени влезници, кои беа распродадени многу брзо. Ова беше прв концерт во Хрватска за британската музичка ѕвезда, а публиката која очекуваше спектакл, не беше разочарана.

Слични содржини