Не станува збор за какво било подесување, па дури и за денешните многу популарни електронски модификации. Уште поедноставно е.
Сè што треба да се направи е да се намали количината на масло во моторот. Се разбира, овој потег е во спротивност со здравиот разум и сè што научивме за важните улоги на маслото во моторот. Сепак, оваа работа функционира, а до кој степен покажува конкретен тест.
На YouTube каналот The Motor Oil Geek објавен е тест на моторот на динамометар со различни количества масло. Тестот беше извршен во соработка со Бен Страдер од приватното техничко училиште ЕФИ Универзитет, а на тест беше подложен V8 моторот Шевролет.
Започнуваат со минимална количина на масло, па не е чудно што притисокот на маслото е низок. Сепак, мерниот уред покажува максимална моќност од дури 649 КС (и 617 Nm). Додаваат масло и притисокот во моторот се зголемува на прифатливо ниво. За жал, моќноста паѓа на 630 КС.