🎥Експлозијата во трговски центар во Владикавказ предизвикана од остатоци од соборен дрон од Украина

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Експлозијата во трговскиот центар во рускиот град Владикавказ, во која најмалку едно лице загина, била предизвикана од остатоци од украински беспилотно летало што го собориле руските сили за воздушна одбрана, изјави гувернерот на Северна Осетија, Сергеј Мењаило.

Во објава на Телеграм, тој рече дека руските системи за противвоздушна одбрана го собориле ова беспилотно летало околу 8:30 часот по локално време, а руското Министерство за одбрана објави дека уништило 119 украински беспилотни летала во последните 24 часа, пренесе Ројтерс.

Руски Интерфакс претходно објави дека најмалку едно лице загинало, а седум се повредени во експлозија на гас во трговскиот центар.

Слични содржини