🎥Евакуација на 1.200 лица поради шумски пожар во близина на Лос Анџелес

од Илинка Илиоска
220 прегледи

Шумски пожар во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на над 1.200 луѓе. До недела навечер, само околу два процента од пожарот, кој започна во саботата, беше локализиран, според АП. Засега нема извештаи за жртви.

Шефот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Кеичи Хаскет, изјави дека пожарникарите се соочуваат со тешки услови поради стрмниот терен и силните ветрови што го разгоруваат огнот.

Пожарот моментално гори на околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, во близина на автопатот во близина на градот Горман, но Хаскет предупреди дека постои опасност пожарот да се прошири на Пирамидното Езеро, популарна дестинација за бродови, како и во градот Кастаик, каде живеат околу 19.000 луѓе.

Националната метеоролошка служба предупреди на ниска влажност на воздухот и ветрови со брзина од 80 километри на час денеска.

Слични содржини