🎥Филмот за Ејми Вајнхаус се уште не е излезен, а луѓето веќе се згрозени: Треба да бидат уапсени

од Симе Стоиков
337 прегледи

Премиерата на филмот „Back to black“ за животот на британската пејачка Ејми Вајнхаус e најавена за 12 април, а по трејлерот кој излезе луѓето веќе се разочарани.

Имено, пред неколку дена беше објавено видео со исечоци од филмот каде се слуша како главната актерка Мариса Абела ги пее песните на Ејми.

На луѓето не им се допадна тоа што Мариса не ни звучеше како Ејми.

„Само што го гледав ова видео и ми го уништи денот“, „Таа ја вложи душата во оваа песна, Ејми заслужува подобро од ова“, „Само што видов клип од претстојниот биографски филм на Ејми Вајнхаус и ова е како пародија“, Верувам дека инволвираните во овој филм треба да бидат уапсени“, се дел од коментарите на социјалните мрежи, нагласува Дејли Мејл.

Слични содржини