🎥Гори во центарот на Москва: Црн чад го прекри градот

од Илинка Илиоска
118 прегледи

Пожар зафатил зграда во центарот на Москва, а на социјалните мрежи се шират видеа од последниот пожар на руска територија.

Пожарот избувна на вториот кат од трикатната административна зграда на насипот Бережковскаја бр. 20, на приближно пет и пол километри од Кремљ, јави државната новинска агенција Тас.

Се вели дека повеќе од десет организации имаат седиште во зградата. ТАСС наведува дека до утринава пожарот се проширил на повеќе од 1.000 метри квадратни, а се борат 130 пожарникари, хеликоптер и противпожарен брод.

Тасс пренесе дека засега нема информации за жртви од пожарот. Проукраинските корисници на социјалните мрежи објавија видео од зграда во пламен и чад кој се издигнува кон небото.

„Не постои брз начин да се изгасне пожарот во Русија, дури ни во Москва – сите пари и опрема се користат за убивање на Украинците“, рече советникот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.

Засега се чини дека пожарот не е резултат на напад.

Слични содржини