🎥Избрана новата Мис Универзум

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Данката Викторија Кјер (21) ја освои титулата Мис Универзум за 2024 година, со што на својата земја и ја донесе првата победа на ова натпреварување.

Круната на најубавата жена на светот, со аплауз на другите финалистки, синоќа во Мексико Сити и ја предаде поранешната Мис Универзум Шанис Паласиос од Никарагва на девојката од Данска.

На 73-то натпреварување за овогодинешната титула Мис Универзум учествуваа повеќе од 120 кандидатки.

Новата Мис Универзум, која пред неколку дена наполни 21 година, танцува, претприемач е и сака да гради кариера како адвокат.

За прва придружничка е избрана Чидима Адецина од Нигерија, втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико, а во првите пет убавици влегоа Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркес Педроса од Венецуела.

Педроса (28) влезе во историјата на натпреварот за најубава жена на светот како прва меѓу петте финалистки која е мајка, откако долгогодишната забрана за конкурсот за трудници, мајки и мажени жени или оние кои се во брак, беше подигнат минатата година.

За прв пат во 72 години колку што трае конкурсот, оваа година на конкурсот можеа да се пријават кандидати постари од 28 години, па така повеќе од десет финалисти беа постари од претходно дозволеното.

Беатрис Нџоја од Малта е првата натпреварувачка во нејзините 40-ти што стигнала до големото финале.

Слични содржини