603
Никола Јокиќ сме го гледале во различни изданија, но сега имаме можност да го видиме и во трејлерот за четвртиот дел од познатиот серијал „Dispicable Me“.
Српскиот кошаркар овде е прикажан како личност која била на терапија кај психијатар, каде се пожалил на проблем што го има, а дијалогот изгледа вака:
– Мислев дека изгледав добро тој ден. Го облеков овој прекрасен костум, рекоа дека сум во бизнис.
Што се случи?
– Рекоа дека личам на Гру.
Зошто тоа ти пречи?
– Не ми пречи.
Зошто го наведуваш тоа?
– Нема да ме остават на мира.
Кој?
– Тие! Момци, јас не сум вашиот шеф!