62
Познатиот американски новинар и политички коментатор Такер Карлсон објави дека пристигнал во Москва каде го интервјуирал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Карлсон, кој го интервјуираше и рускиот претседател Владимир Путин во февруари оваа година, во видео објавено на социјалните мрежи соопштил дека на Лавров му поставувал прашања за евентуален конфликт меѓу Русија и САД, односите на Русија со Кина и Западот, последиците по руско-американските односи и светот по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
Тој информирал и дека разговарал со Лавров во Москва за да ја расветли „руската перспектива“ во врска со тековната војна со Украина, како и да открие „колку сме блиску до глобална војна“.