🎥Коментатор го навредил Курти за време на преносот од Јувентус-Интер, го смениле на полувреме

од Nikola Popovski
64 прегледи

Против косовскиот коментатор Андин Локај е покрената дисциплинска постапка поради навреди кои ги упатил кон косовскиот премиер Албин Курти за време на фудбалскиот натпревар Јувентус-Интер. Пред почетокот на натпреварот, Љокај го искажа својот критички став кон косовскиот премиер, по што бил заменет на полувремето.

„Се надевам дека нашиот премиер нема да не гледа вечерва. Тој ајван е најлошиот премиер во историјата на човештвото“, рекол Локај во телевизискиот пренос, додека тимовите на италијанските екипи се поздравувале на теренот.

Љокај не го коментираше второто полувреме, а против него беше поведена дисциплинска постапка. Од потегот на коментаторот се оградил и медиумот за кој работи.

„ArtMotion се извинува за инцидентот за време на коментарот на натпреварот Јувентус-Интер. ArtMotion жали за коментарите на Андин Локај на вечерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Интер на каналот Sport1. Сметаме дека јазикот на коментаторот Локај беше целосно несоодветен и непрофесионален“, се вели во соопштението.

Од ArtMotion велат дека Љокај бил заменет со коментаторот Арбон Фљугај, кој продолжил со емитување до крајот на натпреварот.

„Штом ArtMotion забележа што се случува, веднаш презеде мерки за замена на коментаторот, а Локај беше заменет со коментаторот Арбон Фљугај, кој продолжи да коментира до крајот на мечот. ArtMotion поведе дисциплинска постапка за оваа тешка професионална недолично однесување. ArtMotion се оградува од ваквото однесување, изразува длабоко жалење за инцидентот и им се извинува на сите гледачи кои го гледаа натпреварот“, се вели во соопштението на телевизиската куќа.

Слични содржини