🎥Крадење автомобили со монети: Пазете се од овој трик за отворање на вратите на возилата

од Vladimir Zorba
466 прегледи

Нов трик за крадење автомобили кој вклучува паричка ги обиколува социјалните мрежи.

Овој систем за клучеви од автомобил работи со возила со далечинско заклучување, но не и со најновата генерација.

Крадците на автомобили секогаш се обидуваат да најдат нови начини да упаднат во автомобил. Можеби сте слушнале дека користат уреди кои го блокираат сигналот испратен од вашиот клуч за време на далечинско заклучување, но следниов метод е многу поедноставен.

Имено, им треба само паричка, а ја користат така што во моментот на вашето невнимание ќе ја вметнат помеѓу кваката и совозачката врата. Ако не ја забележите паричката при повторното влегување во автомобилот и ја заклучите по пристигнувањето на локацијата, рачката на вратата нема да се заклучи поради паричката, а криминалците тогаш ќе треба само да влезат во вашиот отклучен автомобил.

Доколку забележите паричка помеѓу кваката и вратата, најбезбедно би било да контактирате со полиција.

Сепак, треба да се има предвид дека бравите на модерните автомобили не можат да се оневозможат на овој начин, па во нивниот случај паричката не може да го спречи возилото да се заклучи.

Нашиот совет е сами да го испробате овој трик за да видите дали некоја паричка заглавена на вашиот автомобил помеѓу рачката и вратата го оневозможува механизмот за заклучување на возилото.

Слични содржини