🎥Култниот Lotus Esprit добива електричен наследник од 1.000 КС

од Vladimir Zorba
21 прегледи

И покрај минусот на сметката, Lotus не се откажува од електричните погони. По хиперспортската Evija најавуваат и нов модел. Концептот на Theory 1 е веќе претставен, а податоците се ветувачки. Во прашање се 1000 КС, погон на четири тркала и спринт до 100 km/h за 2,5 секунди.

Иако е електричен, бројките за тежина се во согласност со педигрето на Lotus. Со оглед на електричниот погон, масата од 1600 kg звучи одлично. Како поддршка на хиперспортските аспирации, распоредот е моделиран по McLaren F1 – има три седишта, а возачот е во средината.

Овој автомобил укажува на дизајнерските насоки на идните Lotus и е инспириран од оригиналниот Esprit. Од доменот на техничките податоци, вреди да се спомене дека батеријата е со капацитет од 70 kWh, а досегот е солидни 400 km. Меѓу посебните карактеристики на автомобилот, вреди да се истакнат „копчињата на барање“ направени од реактивна ткаенина.

Во пракса, тоа значи дека ткаенината на седиштето ќе ве „тапка по грбот“ кога автомобил ќе ви пријде одзади. Ако, пак, телефонот заѕвони, ќе се појави копче за подигање повик. Тоа е патент на MotorSkins, но прашање е дали некогаш ќе ја видиме оваа технологија во Lotus или кој било друг автомобил.

Звучи ветувачки дека Lotus размислува за минимизирање на масата, но и развој на дизајн врз основа на своето богато минато, од кое очигледно не се откажува.

Слични содржини