Тиктокерка која добила 5.000 „апликации за дечко“ се уште е сингл, една година по отворањето на таа „позиција“.
Минатата година, Вера Дијкманс преку TikTok објави дека отвора позиција за момче и побара од заинтересираните мажи да испратат апликации. Таа побара од потенцијалните додворувачи да пополнат детален прашалник за нив, кој вклучува прашања како „дали живееш со твоите родители“ и „дали поседуваш автомобил“.
@itsveradijkmans Bye bae
„Би рекла дека добила вкупно околу 5.000 апликации, но откако ги прегледав повеќето од нив, најдов само тројца соодветни момци. Бевме на состаноци, но сè уште сум сингл. И покрај овој разочарувачки резултат, сè уште мислам дека експериментот беше успешен, барем избегнав непријатни ситуации на апликациите за запознавање“, откри таа за „The Mirror“.
@itsveradijkmans You think she likes my outfit?
Тврди дека меѓу додворувачите имало и славна личност, но и тој немал среќа со Вера.
„Во моментов ја ставив потрагата по дечко „на чекање“, но ги оставам сите опции отворени. Многу сум пребирлива и ми треба момче кое ќе биде речиси совршено. Повеќе би сакала да бидам сама додека не го најдам мажот кој го сакам“, заклучи таа.