🎥Лавров во прва посета на земја од ЕУ од почетокот на војната: Пристигна со авион кој има забрана

од Nikola Popovski
140 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Малта, каде ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ОБСЕ, пренесе денеска РИА Новости.

Ова е прва посета на Лавров на земја од ЕУ од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

Минатата година Лавров ја посети Македонија, која во тоа време претседаваше со ОБСЕ, но една година претходно, Полска, која ја имаше истата функција, одби да му дозволи на рускиот министер да учествува на годишниот состанок на ОБСЕ.

Пред тоа, последната посета на Лавров на ЕУ беше посетата на Женева на 21 јануари 2022 година, каде што разговараше со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен.

Снимката од пристигнувањето покажа дека министерот пристигнува со руски владин авион, иако на руските авиони вообичаено им е забранет влез во воздушниот простор на ЕУ.

АД и Европската унија воведоа санкции против Лавров во февруари 2022 година, а ЕУ го затвори својот воздушен простор за авиокомпаниите од Русија во истата година.

Русија, пак, им забрани на компаниите од западните земји да влегуваат во нејзиниот воздушен простор без посебна дозвола.

Во исто време, официјалниот претставник на службата за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, рече дека санкциите на ЕУ не го спречуваат Лавров и другите политичари да учествуваат на важни меѓународни настани.

По посетата на Малта, Лавров ќе отпатува за Катар каде ќе учествува на политичка конференција.

Слични содржини