🎥Лукашенко соборен за време на хокеарски натпревар во Минск

Натпреварот се одиграл во Олимписката арена во Минск

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: X/Visegrád 24/Screenshot

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко бил соборен за време на хокеарскиот натпревар меѓу лидерите на Белорусија и екипата на Брестската област, кој се одржал денес во Минск и кој завршил со нерешен резултат 5-5.

На објавеното видео се гледа како како играчот на претседателскиот тим, број 68, поранешниот белоруски хокеар Јарослав Чуприс, случајно го удира Александар Лукашенко во грбот, по што тој паѓа на мразот, објави „Изветсија„.

Чуприс веднаш му помогнал на белорускиот претседател да стане на нозе.

Натпреварот се одиграл во Олимписката арена во Минск.