Музејот Хенри Форд во Дирборн, Мичиген (САД) е еден од најголемите музеи, но сепак не е доволен за комплетната колекција на Ford, па многу автомобили се чуваат во магацин затворен за јавноста.
Top Gear го посети магацинот каде што кураторите и експертите собраа неверојатна колекција на возила, од автомобили на НАСКАР и воени возила до уникатни концепти и велосипеди.
Новинарот на списанието Top Gear, Оли Кју, ја обиколи оваа „тајна“ локација со кустосот на музејот Мет Андерсон.
Меѓу тие автомобили се Ford X-100, Ford Crossover (1998) и Lincoln Sentinel (1996), Ford Model T и Model A концептите кои им припаѓаа на Хенри Форд, MG TC (1949), Ford Escort (1981), Ford Thunderbird NASCAR (1987), Ford Ranger за службите за итни случаи користен по терористичките напади во САД во 2001 година, Ford Hot Rod (1932), Ford Focus Electric Test Car (2009) и многу други.