🎥Мајката на Бијонсе одговори на бизарните тврдења на Канје за нејзините внуци дека се „ретардирани“

од Nikola Popovski
361 прегледи

Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, се огласи на Инстаграм откако Канје Вест ги навреди нејзините внуци. Иако директно не го спомна, многумина веруваат дека алудирала на него.

Заедно со видеото кое го објави на Инстаграм, таа напиша: „Тешко ми е да останам позитивна и достоинствена кога ќе се соочам со такво незнаење и зло. Но, знам дека ниедно оружје кое е насочено против моето семејство нема да успее. Оваа битка не е моја, таа е Божја и Бог ќе не поддржи“.

Подоцна ја уреди објавата и ги отстрани овие зборови.

Да потсетиме дека во друга избришана објава Канје ги навреди децата на Џеј Зи и Бијонсе, близнаците Руми и Сира, нарекувајќи ги „ретардирани“.

„Дали некој ги видел помалите деца на Џеј Зи и Бијонсе? Тие се ретардирани, буквално. Затоа вештачкото оплодување е благослов, бидејќи да имаш ретардирани деца е избор“, напиша тој.

Наводно и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан била навредена од неговите недолични постапки. Неименуван извор изјавил за „Page Six“: „Таа е згрозена што некој би употребил такви зборови, особено кога станува збор за нечии деца. Доста и е, повеќе нема да ја толерира комуникацијата со Канје“.

Хип-хоп артистот се осврнал и на критиките на Џеј Зи кон него за поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, како и на фактот дека тој и Бијонсе не присуствувале на неговата венчавка со Ким Кардашијан во 2014 година.

Раперот има долга историја со Џеј Зи, кој го менторираше на почетокот на неговата кариера.

Во дополнителните објави на „Х“ објавени во средата, популарниот Је исто така даде контроверзни тврдења за неговата поранешна сопруга и нејзиното семејство.

„100 отсто сум убеден дека моите деца се во синџир на сексуална трговија со луѓе“, напиша тој. Канје исто така тврдеше дека Кардашијан и целото нејзино семејство биле вмешани во сексуална трговија и ја обвини Крис Џенер дека „се потпишала“ на тоа.

Слични содржини