Елон Маск ја продолжува својата расправија со британскиот премиер Сер Кир Стармер за немирите што ја зафатија Велика Британија.
Милијардерот објави видео на X на кое се гледа како полицајци апсат маж поради навредливи коментари на Фејсбук.
„Уапсен поради коментар на Фејсбук! Дали е ова Британија или Советскиот Сојуз? Дали е ова вистина @Community Notes“, напиша Маск, означувајќи ја услугата за проверка на факти на X.
На видеото се гледа како полицаецот му кажува на мажот дека е уапсен под сомнение дека неправилно користел електронска комуникациска мрежа. Споменатото кривично дело се однесува на испраќање пораки со „јасно навредлив, непристоен или заканувачки карактер“ и може да резултира со максимална затворска казна од шест месеци или парична казна.
British Police: You've Made Some "Offensive" Comments on Facebook, and We're Here to Arrest You
After 3 young girls were brutally murdered, speech is the crime that police focus on.
This type of sh*t is why Elon Musk believes, "Civil war is inevitable."
pic.twitter.com/WERQw79haJ— The Vigilant Fox 🦊 (@VigilantFox) August 6, 2024
Маск, исто така, го праша Стармер: „Зошто сите заедници не се заштитени во Британија?“. Тоа беше коментар на видеото на кое се гледа толпа маскирани луѓе околу паб, а некои од нив веат палестинско знаме. Маск даде слични коментари во понеделникот, откако Стармер рече дека нема да толерира напади врз муслиманските заедници.
Why aren’t all communities protected in Britain? @Keir_Starmer https://t.co/gldyguysNe
— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2024
Џамиите и хотелите во кои се сместени баратели на азил беа меѓу целите на немирите низ Британија минатата недела, пишува Sky News. Расправијата меѓу британскиот премиер и американскиот мултимилијардер започна кога Маск изјави дека „граѓанската војна е неизбежна“ во Велика Британија.
Немирите започнаа во Саутпорт минатиот вторник по фаталниот напад со нож во кој беа убиени три девојчиња. Немирите потоа се проширија и во другите градови низ земјата. Аксел Рудакубана, млад човек роден во Кардиф, чии родители се по потекло од Руанда, е одговорен за убиството на трите девојчиња.