Чаби Алонсо моментално важи за еден од најталентираните тренери во светот, а Шпанецот покажа дека веќе припаѓа на самиот врв по една сезона од соништата на клупата на Баер Леверкузен.
Чаби Алонсо ја крена Германија на нозе откако Баер Леверкузен стана шампион во Бундеслигата на пет натпревари до крајот. Веќе во 2019 година, кога Чаби го презеде резервниот тим на Реал Сосиедад, Жозе Мурињо, кој беше тренер на Алонсо во Реал Мадрид, предвиде дека ќе биде „многу добар тренер“ во изјава која пет години подоцна станаа вирални.
Запрашан во 2019 година кој од сите фудбалери што ги имаше под негово водство има најголеми шанси да биде тренер, Жозе одговори:
„Би рекол Чаби Алонсо. Неговиот татко беше тренер, па порасна на сличен начин како мене. Роден е со татко кој беше играч и порасна со татко кој беше тренер. Потоа стана играч, се разбира многу подобар од мене, а потоа стана врвен играч.
Неговата позиција на теренот и неговото познавање на играта се многу високи. Потоа играше во Шпанија, Англија и Германија, го тренираше Гвардиола во Баерн, јас во Реал Мадрид, Анчелоти во Мадрид, Бенитез во Ливерпул, ако се собере се, мислам дека Чаби има услови да биде многу добар тренер“.
Mourinho, 2019.
Ya sabía que Xabi Alonso sería uno de los mejores entrenadores del mundo.— KΛƬΛ.exe (@kataexe) April 15, 2024