Актерката и модел Мила Јовович гостуваше во шоуто на Џенифер Хадсон. Водителката во еден момент покажа како изгледала Мила кога била на возраст од нејзината ќерка Евер Габо (16).
На тие фотографии Мила и Евер изгледаат речиси идентично. Актерката здивнала во шок кога ја видела сличноста. „Кој е кој?“, се пошегувала водителката.
„Лудо е кога го гледаш своето дете и ги гледаш твоите најдобри карактеристики. Ќе плачам”, коментирала Мила.
Мила влезе во светот на шоубизот на 11 години, а нејзината ќерка на пет години. Таа откри како Евер ја наговорила да ја запише на часови по глума.
„Таа ми рече дека сака да биде актерка. Јас и реков: „Не знаеш ни да читаш, како мислиш дека можеш да глумиш?“ Потоа научи да чита и ми рече: „Научив да читам, сега е време за часови по глума, како и да е“, рече Мила.
Евер досега имала улоги во три филма: Resident Evil: The Final Chapter од 2016 година, Black Widow од 2021 година и Peter Pan & Wendy од 2023.
Мила е во брак со режисерот Пол В. С. Андерсон од 2009 година. Покрај Евер Габо, тие имаат и две ќерки Дашиел Едан (9) и Ларк Елиот (4).