193
Bugatti претходно најави дека нивниот нов хиперавтомобил ќе биде придвижуван од V16 хибриден погонски систем, а сега и официјално потврди дека неговата премиера ќе се одржи на 20 јуни.
Иако новиот модел сепак ќе има мотор со внатрешно согорување, тој нема да биде W16. Чудовиштето со четири турбо 8,0 литри заминува во пензија и наместо тоа пристигнува V16 како дел од хибридниот погонски систем (наводно 8,3 литарски V16 и три електрични мотори со околу 1800 КС).