🎥Објавена снимка од ликвидацијата на Насрала во Бејрут

од Nikola Popovski
93 прегледи

Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала.

Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и уништен е дел од нејзиниот огромен ракетен арсенал.

Израелските воздухопловни сили го погодиле бункерот со околу 80 тони експлозив, пишува Wall Street Journal.

Во нападот биле употребени серија темпирани, врзани експлозии за да се пробие подземен бункер, изјавил висок израелски воен претставник.

Убиството на Насрала предизвика реакција од Иран, кој го поддржува Хезболах.

Слични содржини