Раперот Канје Вест (47) се чини дека признал дека е геј за време на излив на бес за време на видео, посветено за неговиот поранешен брак со Ким Кардашијан и нивниот спор за старателство над децата.
Облечен во црно и со маска на лицето, Канје зборувал за тоа како не може да ги види децата што ги дели со Ким (44).
Кога завршил со својот говор, при што рекол: „Немам никакво е*ано наследство, што те тера да мислиш дека сум полудел“. Потоа додал: „Јас сум геј. Јас сум одговорен за моето наследство и јас сум геј“.
Корисниците на социјалните мрежи дебатираа дали тој навистина рекол „Јас сум геј“ или се осврнувал на себе во трето лице, повторувајќи „Јас сум Је (скратено од Канје)“.
Kanye West starts CRASHING OUT on stream for not being able to see his kids and officially comes out as GAY 😮👀 pic.twitter.com/N73Kkro8tJ
— Killa 🌺 (@KillaKreww) April 29, 2025
Ова следува по неговиот пост на платформата „X“ минатата недела, во кој споменал дека имал сексуален однос со својот братучед. Додека ја најавуваше новата песна наречена „RELATIVES“, тој соопшти:
– Оваа песна е во чест на мојот братучед кој беше осуден на доживотен затвор за убиство на бремена жена неколку години откако му реков дека повеќе нема да „гледаме валкани списанија заедно“. Можеби во мојот себичен хаос чувствував дека е моја вината што му ги покажав тие списанија кога имаше 6 години, а потоа го имитиравме она што го видовме. Татко ми имаше списанија „Плејбој“, но списанијата што ги најдов во горната фиока на мајка ми беа поинакви. Се викам Је и го цицав пенисот на братучед ми до моите 14 години, кажал раперот.
По серија објави, тој сподели емотикон во боите на виножитото на платформата „X“ и напиша: „Ова е моето ново лого“, пред да додаде дека сепак не е геј.
Во својата последна изјава, Вест исто така порача: – Ќе ги земам децата. Разговарам со адвокати – стигнувам до точка на лудило, едвај можам да се справам со тоа што повеќе не ги гледам.
Канје и Ким имаат четири деца: Норт (11), Сејнт (9), Чикаго (7) и Псалм (5).