🎥Погледнете како автомобилот на Xiaomi вози и паркира без возач

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Терминот автономно возење најчесто се поврзува со Tesla и неговиот систем кој со години е инсталиран во нејзините автомобили.

Елон Маск до неодамна се смееше на поимот кинески автомобили, а сега е прашање на денови кога BYD ќе и се заканува на Tesla како најголем производител на електрични автомобили во светот. Слично се случува и кога станува збор за автономно возење, и тоа не кај водечките кинески производители, туку кај Xiaomi, третиот најголем производител на мобилни телефони во светот.

Поминаа три години откако Xiaomi го најави влегувањето во светот на електричните автомобили, а се верува дека во следните 15 до 20 години ќе биде еден од петте најголеми производители во светот. Пристигна SU7, кој нуди бројни напредни системи, а сега промотивното видео откри интересен детал.

На видеото се гледа како Xiaomi SU7 се приближува до повеќекатна јавна гаража. Возачот застанува на рампата, го активира системот за автономно возење и излегува од возилото. Автомобилот продолжува сам, а во еден момент налетува на Audi A7. Тој го избегнува ударот, се трга настрана и потоа продолжува на слободно паркинг место и се паркира со рикверц.

Видеото не открива дали се работи за специјално опремена гаража која е прилагодена за примена на вакви системи или пак овој пример доби збогатен софтвер со целосна мапа на гаражата. Ако целиот маневар бил изведен без посебни подготовки на возилото, тогаш тоа секако е една од највпечатливите демонстрации на вакви системи.

Слични содржини