🎥Поплавени улици во Хрватска, невремето нема да ја заобиколи ниту Македонија, еве што нè очекува поплднево

од Весна Петровска
25 прегледи

Силно  невреме ја зафати Хрватска. Денеска низ цела територија  ќе биде умерено до претежно облачно, а на места ќе има врнежи од дожд со грмежи прогнозира Државниот хидрометеоролошки завод. Најголем дел од врнежите и бурите се очекуваат попладне и навечер.

Врнежите ќе бидат почести и пообилни на Јадранското Море и областите во негова близина, а можни се и локални грмежи. Слаб до умерен ветер од север и североисток, на исток и северозапад. На Јадранското Море ќе дува умерен до силен ветер,а во централните и јужните делови, од северозападен и слаб до умерен јужен правец.

И во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, повремено со услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец.

Слични содржини