🎥Praga Bohema во производство

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Во 2022 година, чешка Praga го претстави својот лесен спортски автомобил Bohema, кој сега е пуштен во производство.

Автомобилот, кој тежи помалку од 1.000 kg (без гориво) според тврдењата на компанијата, „обезбедува екстремни перформанси за возачот ентузијаст“.

За погон е избран 3,8-литарскиот твин-турбо V6 мотор на Nissan, кој по модификациите во Личфилд, Велика Британија, има 522 kW/710 КС и 725 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан со 6-брзински секвенцијален менувач на Hewland.

Praga предвидува дека максималната брзина на Bohema е над 300 км/ч.

Има и титаниумски издувни цевки, монокок од јаглеродни влакна, како и задно крило кое произведува над 900 килограми надолна сила при 250 km/h.

Bohema има место за двајца возрасни високи до 2 метри, како и шестоаголен волан и дигитален дисплеј.

Цената на возилото е 1,36 милиони евра, а компанијата планира да ги испорача првите примероци на клиентите во првата половина од годинава.

Производството ќе трае четири години, но производителот вели дека автомобилот ќе се произведува само во многу ограничени количини (претходно беше спомената бројка од 89 единици).