🎥Прерано славеше и остана без медал на два метри пред целта!

од Nikola Popovski
3,4K прегледи

Шпанската атлетичарка Лаура Гарсија-Каро веројатно го доживеа најнепријатното изненадување во кариерата. Имено, таа само на два метри пред да ја помине целта, ги крена рацете и го прослави освојувањето на медалот…

На самиот старт на Европското првенство во атлетика, кое се одржува во Рим, видовме неколку многу интересни и драматични трки, а особено тензичен беше финишот на трката на 20 километри брзо одење.

По речиси 90 минути трка низ улиците на Рим, Лаура Гарсија-Каро влезе кон крајот на трката чувствувајќи се како освојувачка на медал. Шпанката славеше со знамето околу вратот и ги крена рацете верувајќи дека бронзата е нејзина.

Сепак, Гарсија-Каро не виде дека Украинката Људмила Ољановска се прикрадува зад неа, со што успеа да ја претекне и да ја мине целта пред неа.

„Бев уморна на последниот километар и на последните метри, но толку многу сакав да го освојам овој медал за мојата земја“, рекла Ољановска по трката.

На овој начин таа ја освои бронзата, а Гарсија Каро остана во неверување што ѝ се случило.

Златото ѝ припадна на Италијанката Антонела Палмисано, додека среброто го освои нејзината сонародничка Валентина Траплети.