Милијардерот и инвеститор Eлон Маск во четвртокот со голема помпа го претстави Cybertruck електричен пик-ап со футуристички дизајн на неговата компанија Tesla, за кој веќе пристигнаа еден милион резервации.
Со гласна музика и возбудена публика, милијардерот пристигна како рок ѕвезда во кожна јакна зад воланот на неговиот Cybertruck во седиштето на Tesla во градот Остин во Тексас.
„Мислам дека ова е нашиот најдобар производ“, рече Маск и се пофали „тоа е најисклучителниот објект на патот. Иднината конечно ќе изгледа како иднина“.
Cybertruck е вкрстување на моделот од филмот „Blade Runner“ (1982) и моделот „Wet Nellie“, водоземецот виден во филмот „The Spy Who Loved Me“, изјави Маск.
„Подобро е од пик-ап и подобро од спортски автомобил, се е во едно“, опиша сопственикот, не штедејќи на пофалбите за перформансите на неговото возило.
Најмоќната верзија има 845 коњски сили, благодарение на опционалниот погон со три мотори во пакетот Cyberbeast.
Двомоторната AWD верзија има 600 КС, додека Cybertruck со еден мотор ќе пристигне до 2025 година (колку моќност засега не е познато).
Со 845 КС, забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) е 2,6 секунди, а четвртина милја (402 метри) се поминува за помалку од 11 секунди.
Верзијата со двоен мотор со 600 КС е малку побавна, достигнувајќи 60 милји на час за 4,1 секунда. Варијантата со еден мотор забрзува до 60 mph за 6,5 секунди.
Моделот со најдолг досег наведен во моментов е верзијата со два мотори со проценета 340 милји (547 km). Верзијата Cyberbeast може да патува 320 милји (515 km), додека Cybetruck со еден мотор има проценет досег од 250 милји (402 km).
Максималниот досег за електричниот пикап е 340 милји (547 км) со два мотори и AWD, но ќе биде достапна опција за продолжување на опсегот што го протега на околу 470 милји (756 км). Како што е објаснето, тоа е всушност уште еден пакет батерии. Има големина на кутија со алат и е поставена во просторот зад кабината.
Voziloto е долго 568 cm, широко 220 cm (241 cm со огледала), високо 179 cm и тежи до 3104 kg. Аеродинамичниот коефициент е 0,335.
Волуменот на багажниот простор, со дополнителни простори на страните и под подот на рамната површина, е 2832 литри.
Cybertruck има пространа кабина во која удобно се сместени шестмина, со дополнителен простор за складирање под вториот ред седишта. Исто така, располага со 18,5-инчен екран на допир со целосно нов приспособен кориснички интерфејс. Тој е надополнет со уште еден 9,4-инчен екран за задните патници.
Камионот има прилагодлива воздушна суспензија која може да го подигне и спушта возилото за четири инчи (101,6 mm), како и способност за самонивелирање.
Исто така, ветено е дека телото од не’рѓосувачки челик ќе биде отпорно на куршуми, а стаклото ќе биде отпорно на кршење.
Основниот Cybertruck со еден мотор ќе започне од 60.990 долари, иако нема да биде достапен до 2025 година. AWD со два мотори започнува од 79.990 долари, а врвниот Cyberbeast е најскап од 99.990 долари.