🎥Производството на Ford Explorer EV започна во Германија

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Американскиот производител започна сериско производство на електричниот Explorer во својата фабрика во Келн. Лансирањето на овој модел првично беше планирано за септември 2023 година, но беше одложено поради воведувањето на новите стандарди за батерии.

Ford произведува автомобили во Келн од 1930 година, каде што, меѓу другото, со децении се произведуваше популарната Fiesta. Сепак, производството на Fiesta заврши минатата година за да се подготви фабриката за електричниот Explorer EV, кој е првиот модел на Ford на батерии произведен на европско тло.

Aмериканскиот производител на автомобили инвестирал речиси две милијарди евра во фабриката во Келн, како дел од транзицијата кон електрични возила. Целта е да се произведуваат 250.000 електрични автомобили годишно, вклучувајќи го и производството на компактен теренец.

Слични содржини