🎥Први снимки по страшната експлозија во Бејрут: Во градот владее паника, наводно загинал лидерот на Хамас

од Vladimir Zorba
447 прегледи

Лидерот на Хамас, Салах ал-Арури, наводно загинал во експлозија што се случила околу 18 часот во јужниот дел на Бејрут, Либан.

Според првичните информации, во нападот загинале најмалку четири лица, а делови од тела се расфрлани по улиците.

Хезболах се огласи и рече дека станува збор за ракетен напад, за кој е обвинет Израел, кој се уште не се изјаснил.

Засега нема информации како точно бил извршен нападот. Едната верзија е дека била испукана ракета, другата дека нападот бил извршен со дрон.

На терен се бројни спасувачки екипи, а низ градот владее паника.

Слични содржини