🎥Првиот трејлер за филмот за Формула 1 – Бред Пит во главната улога

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Оскаровецот Бред Пит го игра главниот протагонист во филмот F1. Станува збор за спортска драма за Формула 1, која во кината ќе пристигне за околу една година.

Во филмот играат и Хавиер Бардем, Луис Хамилтон, Демсон Идрис и Кери Кондон.

Во интервју за Sky Sports во 2023 година, Бред Пит рече дека во филмот „F1“ го портретира Сони Хејс, возач на Формула 1 кој се тркал во деведесеттите и преживеа тешка несреќа. Тој го напушта спортот, но се враќа години подоцна кога добива повик од неговиот пријател Рубен (Хавиер Бардем), кој е сопственик на последнопласираниот тим во Формула 1. Рубен бара од Хејс да биде ментор на младиот возач Џошуа Пирс (Дамсон Идрис) и да му помогне да ја сврти среќата на неговиот тим.

„F1“ го режираше Џозеф Косински, кој стои зад големиот блокбастер „Top Gun: Maverick“. Филмот ќе ја има својата премиера на 25 јуни 2025 година.

Слични содржини