Рабин кој говори на француски, Давид Даниел Коен, му се закани на претседателот Емануел Макрон со смрт во видео објавено на платформите минатиот вторник. Тамошното Обвинителство во петокот објави дека е покрената истрага „во врска со смртни закани против претседателот на Републиката“.
„Овој француски претседател мора да знае. Мора да е заинтересиран за подготовка на неговиот ковчег“, рекол рабинот Давид Даниел Коен на француски јазик на 3 август во видео објавено на Јутјуб каналот „Archives 260“.
Овој петок, по бројните извештаи на социјалните медиуми, Министерството за внатрешни работи во Франција потврдило за „Le Parisien“ дека овие коментари се предмет на извештајот на Фарос и употребата на Член 40 за покренување судска истрага од страна на обвинителите.
„Овие коментари не се прифатливи“, соопштиле оттаму.
Je condamne avec force les propos abjects et intolérables de Daniel David Cohen.
Je tiens à préciser qu’il n’a jamais exercé de fonction rabbinique en France, qu’il n’a pas été formé ni n’est diplômé de l’école rabbinique de France. pic.twitter.com/OzdvzY3mUd
— Haïm Korsia (@HaimKorsia) August 8, 2025
По извештајот на министерот за внатрешни работи, Бруно Рејто и платформата Фарос, започната е истрага „во врска со смртните закани против претседателот на Републиката“, конечно разјасни обвинителството. Истрагата ѝ е доверена на Париската судска полиција.
Во ова 37-минутно видео насловено како „Тефила на Моше Рабеину – Крајот на Франција и Иран“, рабинот Давид Даниел Коен, кој зборува француски и се чини дека живее во Израел, жестоко го напаѓа претседателот Емануел Макрон, дури до тој степен што упатува смртни закани.
Во ова долго видео, рабинот го споредува Емануел Макрон со римскиот император Тит, кој наредил уништување на Вториот храм на Соломон во Ерусалим во 70 година од н.е. Рабин го обвинува францускиот претседател за измена на историјата со тоа што предложил признавање на државата Палестина следниот септември и дека тоа е „објава на војна против Бога“.