🎥Расправија на аеродром му го спаси животот на Бразилец кој не се качил во авионот што се урна

од Nikola Popovski
118 прегледи

Бразилецот Адријано Асис, од Рио де Жанеиро, за влакно ја избегнал смртта откако не му бил дозволен влез во авионот кој подоцна се урна, при што загинаа 61 лице.

Адријано Асис од Рио де Жанеиро изјавил за бразилскиот медиум „ТВ Глобо“ дека резервирал карта за погрешен лет и дека поради тоа доцнел на влезната врата на својот лет „Voepass“ од Каскавел до Гуаруљос.

„Нормално, секогаш има некој на шалтерот на аеродромот, но немаше никој“, рекол Асис.

Работник во авиокомпанијата одбил да го пушти да се качи во авионот, дури и откако тој се расправал со него. Во тој напнат момент, ниту еден од нив не знаешла дека нивната кавга ќе му помогне на Асис да избегне сигурна смрт.

„Во тој момент се скарав со него и тоа беше тоа. Но, сепак ми го спаси животот“, изјавил Асис.

Списокот со патници на летот покажал дека во авионот требало да има 58 патници, а Асис бил токму 58-миот кој не успеал да се качи.

Откако дознал за несреќата, Асис го побарал вработениот на аеродромот и го прегрнал.

„Го прегрнав затоа што си ја заврши работата. Да не го стореше тоа, можеби немаше да го правам ова интервју денес“, рекол несудениот патник, при што гласот му треперел од емоции.

Размислувајќи за инцидентот, Асис го признал својот првичен испад. Човекот кој некогаш бил мета на неговиот гнев сега е негов спасител.

„Зборував од лутина, но овој човек, не знам ни како се вика, навистина ми го спаси животот“, кажал тој.

Видео снимката направена од случајни минувачи покажува како „Voepass ATR 72“ лета надвор од контрола пред да падне во населба во Виндхед, околу 80 километри северозападно од Сао Паоло. Иако сите во авионот загинале, тамошните власти соопштиле дека на тлото нема жртви.

Несреќата е најсмртоносната авионска несреќа во Бразил од јануари 2023 година, кога се урна авион на „Јети ерлајнс“ во Непал, при што загинаа 72 лица.

Слични содржини