🎥Републикански конгресмен замина на фронтот во Украина, напиша порака за Путин на проектил

од Nikola Popovski
182 прегледи

Американскиот конгресмен Брајан Фицпатрик неодамна потпишал артилериски проектил со порака упатена до рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на украинскиот фронт.

Фицпатрик, републиканец од Пенсилванија, познат по својата поддршка за Украина, вчера ги обиколи украинските сили по средбата со претседателот Володимир Зеленски. За време на посетата, како што рече, неговата група била изложена на руско гранатирање во близина на границата, руските беспилотни летала ги следеле нивните движења, а во еден момент морале итно да ја напуштат областа.

„Тие се борат за нивната демократија, тие се борат за слобода, сите ние во Америка мораме безрезервно да ги поддржиме“, рекол Фицпатрик во видео-обраќањето објавено на неговиот Фејсбук профил.

„Отсекогаш сум бил со нив и секогаш ќе бидам. Ги поканувам сите мои колеги од Конгресот да дојдат и да се уверат сами“, додал тој.

На друго видео, Фицпатрик е снимен како потпишува проектил со „многу лична“ порака за Путин.

На проектилот, тој објавил: „До Путин, од PA-1. #МирНизСила“. „PA-1“ се однесува на неговата изборна единица во Пенсилванија, која ја претставува од 2017 година. Конгресменот подоцна информирал дека „пораката стигнала на вистинското место“.

Слични содржини